Аксел Лунд Свиндал е победник на супервелеслаломот, кој денеска се возеше на патеката во Кицбил.
Норвежанецот на целта пристигна со време од 1 минута 14 секунди и 48 стотинки и за 13 стоти дела од секундата беше побрз од Австриецот, Матијас Мајер. Третото место му припадна на Кристоф Инерхофер од Италија.
Денешниот победник, Свиндал остана на чело во редоследот за супервелеслалом со 380 бода додека лидер во генералниот пласман за Светскиот куп е Марсел Хиршер од Австрија, кој во досегашниот тек од натпреварувањето освои вкупно 935 бода.
Викендов во Кицбил ќе се одржат уште две трки, на програмата се спуст и слалом, кои заедно ќе се бодуваат за комбинација.