Ако не најде нови мотори, Ред Бул ќе ја напушти Ф1

Од:

Претседателот на Ферари Серџо Маркјоне се плаши дека соработката со Ред Бул ќе му штети на неговиот тим.

Ред Бул неодамна одлучи да ја прекине соработка со Рено иако  компаниите имаа договор до 2016 година. Ф1 тимот од Австрија беше многу незадоволен со француските мотори, а во Рено не ги прифатија  критиките, па односот толку се влоши што немаше шанси за поправен.

Поради тоа, Ред Бул тргна во потрага по нови мотори, но потрагата не оди како што очекуваа во тимот. Мерцедес одби да соработува, па единствена опција за следните две сезони остана Ферари.

Но, Ферари, очекувано, не е расположен на својот конкурент да му ги даде најдобрите мотори, туку би се согласил за послабата варијанта од 30-40 коњски сили со што нивните возачи Фетел и Раиконен би останале во привилегирана позиција. Таков  договор веќе имаат со Заубер и Манор Марусија.

Ред Бул не сакаат ништо подолу од најдоброто и затоа најавија напуштање на Формула 1 ако не добијат максимално моќни мотори. Преговорите продолжуваат, а ако не успеат, тогаш од Формула 1 ќе ја напуштат  и Торо Росо кои се дел од семејството Ред Бул.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес