Бекот на Лос Анџелес Лејкерс, Ајзеа Томас, го оперираше колкот, поради што ќе го пропушти остатокот од сезоната.
Како што објави клубот, Томас бил опериран во Њујорк, а на теренот ќе се врати за четири месеци.
Томас нема премногу среќа со повредата на колкот, со која се мачи од минатата година, уште додека настапуваше за Бостон Селтикс.
Оваа сезона, тој одигра 32 натпревари за Лејкерс и Кавс.