Агуеро е нов член на Барселона

Од:

Аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро е нов член на Барселона, потврди попладнево шпанскиот фудбалски гигант, наведувајќи дека напаѓачот ќе му приклучи на тимот на 1 јули кога му истекува договорот со Манчестер сити.

Агуеро со Браселона ќе потпише двегодишен договор со отштетна клаузула од 100 милиони евра.

Аргентинскиот 32-годишен напаѓач дојде во Сити од редовите на Атлетико Мадрид во 2011 година и стана еден од најдобрите голгетери во историјата на клубот од Манчестер со 260 голови. Агуеро со Сити освои пет шампионски титули во Англија, а во саботата загуби од Челзи во финалето на Лигата на шампиони.

Агуеро е само првото засолување што Барселона планира да ги донесе во летниот преоден рок во обид да го реорганизира тимот, кој сезонава заврши на третото место во шпанското првенство зад мадридските ривали Атлетико и Реал.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра