(ВИДЕО) Агонијата на Гвардиола продолжува, Ливерпул го среди Сити за +11 бода на табелата во ПЛ

Од:

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Манчестер Сити со 2:0 во натпреварот од 13. коло на англиската Премиер лига.

Избраниците на Арне Слот покажаа заби уште од самиот старт на натпреварот, за да ја крунисаат иницијативата со гол во 12. минута кога Мохамед Салах брилијантно го пронајде Коди Гакпо за 1:0.

Ливерпул продолжи да го напаѓа противникот од Манчестер во вториот дел, а потоа беше досуден пенал кога голманот Едерсон го фаулираше Луис Дијаз.

Во 78. минута Мохамед Салах ја намести топката на белата точка, а потоа рутински погоди за водство на Ливерпул од 2:0.

До крајот на натпреварот Сити не успеа да создаде сериозна шанса, па резултатот остана 2:0 за домашните

„Црвените“ на тој начин ја забележаа 15-та победа во последните 16 натпревари во сите натпреварувања и сега се осамени на врвот на табелата со 34 освоени бодови, а имаат девет повеќе од второпласираниот Арсенал, а +11 пред „граѓаните“.

Од друга страна, Манчестер Сити го претрпе шестиот пораз во последните седум натпревари, додека на табелата во Премиер лигата е на петтото место со 23 бода.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

Манчестер Сити може да загуби 40 бодови

А1он

Тренерот на Ливерпул нема дилема: Нотингем Форест е еден од претендентите за титулата

А1он

Илон Маск сака да го купи Ливерпул

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он