Агентот на Бејл: Гарет не заслужи таков третман од Реал

Од:

Агентот на велшкиот фудбалски ас Герет Бејл, Џонатан Барнет, повторно го искористи своето интервју за да се присети на лошите односи меѓу неговиот клиент и досегашниот клуб, Реал Мадрид.

– Не мислам дека Гарет заслужуваше таков вид третман од клубот. Со сè што даде за овие седум сезони, тој заслужува поинаков третман. Она што му се случи беше срамота, а Реал Мадрид не помогна во оваа ситуација, изјави Барнет за „BBC Radio 4“.

Тој додаде дека Бејл го сака Тотенхем и тие први направиле напори за тој да пристигне кај нив.

– Имаше многу клубови, дури и со поголеми имиња, кои беа заинтересирани за него, но тој го избра Тотенхем. Се надевам дека сè ќе оди добро и тој нема да мора да се врати во Мадрид следната сезона. Не сакам да се врати во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе триумфира во Тотенхем, изјави Барнет.

Би можело да ве интересира

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он