Агенцијата за млади и спорт нема да го признае изборното собрание на ФФМ

Од:

Агенцијата за млади и спорт во пресрет на утрешното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија, го повтори ставот дека собранието е незаконско и дека нема да ги признание одлуките што ќе бидат донесени.

Најавувајќи дека нема да има свој претставник на Изборното собрание закажано за в недела, АМС нагласи дека ФФМ подолг период ги игнорира одлуките на надлежните институции и продолжува со непочитувањето на Законот за спорт и покрај инистирањето на АМС, како единствено владино тело надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт.

-Имајќи предвид дека мандатите на делегатите, комисијата за избори, претседателот и членовите на УО на ФФМ, истекуваат на 17 февруари 2021 година, АМС известува дека нема да биде признаен незаконски избор на делегати од Општинските фудбалски сојузи (ОФС), како и избор на тела во ФФМ. соопшти АМС.

Во соопштението се додава дека АМС „има поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига“, за усогласување на Статутот на ФФМ согласно Законот за спорт.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски