Агенцијата за млади и спорт нема да го признае Изборното собрание на ФФМ

Од:

Агенцијата за млади и спорт го смета претстојното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија за незаконско и нема да ги признание одлуките што евентуално ќе бидат донесени.

Во реакцијата на вчерашната одлука на ФФМ да закаже претседателски избори за 14 март во Скопје, АМС потенцира дека незаконски се сите одлуки што ФФМ ги има донесено од јули 2019 годинa, кога Управниот одбор на ФФМ донел одлука за усогласување на Статутот со Законот за спорт, но истата „никогаш не е реализирана“.

– Имајќи предвид дека мандатите на делегатите, комисијата за избори, претседателот и членовите на УО на ФФМ, истекуваат на 17 февруари 2021 година, АМС известува дека нема да биде признаен незаконски избор на делегати од Општинските фудбалски сојузи (ОФС), како и избор на тела во ФФМ. Законот за спорт важи за сите подеднакво и сите учесници се должни да го почитуваат, соопшти АМС.

Истакнувајќи дека „има поддршка од поголемиот број на клубовите од прва и втора лига“, АМС повика ФФМ доследно да го почитува и применува Законот за спорт, најавувајќи дека во спротивно за таквото дејствување ќе ги извести УЕФА и ФИФА.

Би можело да ве интересира

Од следната сезона ВАР и во македонскиот фудбал

Катерина Ѓуровски

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски