Африка ќе го поддржи Блатер

Од:

Раководството на Африканската фудбалска федерација (ЦАФ) сметаат дека африканските земји главно ќе гласаат за актуелниот претседател на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Сеп Блатер на изборите во мај.

– Африка цврсто стои со Блатер. Тој е многу популарен на континентот, изјави претседателот на Фудбалската федерација на Гана и член на Извршниот комитет на ЦАФ Квеси Њантаки.

Блатер во трката за неговиот петти мандат на чело на ФИФА ќе има четири конкуренти – претседателот на Холандската федерација Мајкл Ван Прага, јорданскиот принц Али бин Ал Хусеин, Французинот Жером Шампањ како  и поранешен француски фудбалер Давид Жинола кој објави кандидатура, но досега не ја добил потребната поддршка од најмалку пет земји-членки на ФИФА.

Од вкупно 209 земји-членки на ФИФА, 53 се од Африка.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи