Адетокунбо ја испрати плејоф серијата меѓу Бакс и Селтикс во седми натпревар

Од:

Јанис Адетокунбо забележа 31 поен и 14 скока во победата на Милвоки со 97:86 против Бостон со која Бакс ја израмнија серијата на 3-3 во првиот круг на плеј-офот во НБА. Седмиот натпревар ќе се одржи во „ТД Гарден“ во Бостон во сабота.

Крис Мидлтон и Малком Брогден постигнаа по 16 поени за „елените“ откако последниот беше прецизен од зоната за три поени во средината на последната четвртина и со тоа донесе двоцифрена предност на својот тим. На овој начин Милвоки обезбеди натпревар број 7, а тимот не играл таков во плејофот на НБА од 2010-та година наваму. Бакс тогаш губат од Атланта.

Бостон заврши со едвај 10/36 во шутот за 3 поени, а Бакс ги ограничија прецизните удари во рекетот со одлична одбрана. Џејсон Татум го заврши натпреварот со 22 поени, додека Тери Розиер постигна уште 18.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот