Абутовиќ го продолжи договорот со Вардар

Од:

Илија Абутовиќ, специјалистот за одбрана ќе биде дел од Вардар и во следните три сезони, информира денес македонскиот ракометен шампион.

– Со нашиот лев бек кој најчесто има одбранбени задачи е договорено да остане во клубот најмалку до јуни 2020 година. Неговите добри игри сезонава беа препознаени и од ЕХФ и тој е вклучен меѓу кандидатите за најдобар одбранбен играч во лигата на шампионите. Важи за голем и бескомпромисен борец, кој својот придонес во играта го покажува најмногу преку одбранбените задачи. Тој е важен дел од одбранбениот бедем пред голот на Вардар, соопштија од таборот на „црвено-црните“.

Абутовиќ од 2011 година е дел од Вардар и беше дел од најголемите клупски успеси, меѓу кои и трите титули во СЕХА лигата, трите настапи во четврт-финалето на ЛШ, пласманот на Ф4 турнирот во ЛШ и неколкуте шампионски и куп титули во домашното првенство.

– Одбраната секогаш е важен дел во играта, а токму Илија Абутовиќ е еден од нашите најдобри играчи. Секоја година Вардар игра сѐ подобра одбрана, и токму Абутовиќ е еден од главните играчи таму. Со неговото останување во клубот веруваме и одбраната ќе продолжи на истото ниво, па дури и подобро во иднина, вели Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он