АБА лигата: Три од три за домашните екипи

Од:

Екипите домаќини на трите средби од 3. коло во регионалната кошаркарска АБА лига одиграни вчера ги израдуваа своите симпатизери со победи.

Најубедлива победа оствари хрватскиот првак Цедевита која во Загреб го совлада Партизан со убедливи 20 поени разлика 70-50.

Победа со осум коша разлика славеше Црвена звезда која пак во Белград ја совлада Унион Олимпија со 73-65.

Најнеизвесен беше натпреварот во Унгарија, во кој тимот на Шолнок со 63-60 ја победи екипата на Игокеа.

Денеска ќе се играат три натпревари.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром гостува во Подгорица кај црногорскиот првак Будуќност во дуел кој ќе се игра в недела од 21 часот.

Претходно од 17 часот ќе започне средбата Крка – Металац, додека во терминот од 19 часот закажан е почетокот на натпреварот Задар – Левски Софија.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос