АБА лигата доби ново раководство

Од:

Регионалната кошаркарска АБА лига, натпреварување во кое настапува и македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром има ново раководство.

На 2. Собрание на АБА лигата вчеравечер во Загреб за директор е избран Крешимир Новосел, кој доаѓа на местото на досегашниот прв оперативец Радован Лорбек.

На местото на спортскиот директор Јосиф Билиќ, кој ќе стане советник на директорот, доаѓа Жарко Чабаркапа.

Собранието даде целосна поддршка на новото раководство. Собранието донесе ново лого на лигата, организациска шема и систематизација, а во целост е преземен и комерцијалниот дел на натпреварувањето.

– Очекуваме новото раководство да ја организира лигата на професионален начин и дека АБА ќе биде на ниво на најдобрите организираните лиги во Европа. Задоволни сме што натпреварувањето сега е водено од поранешни играчи и луѓе кои се докажале како врвни спортски работници, изјави Драган Бокан, претседател на АБА лигата.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос