АБА 2: МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер го дознаа распоредот за јануарскиот „балон“

Од:

Регионалната кошаркарска АБА 2 лига денеска ги одреди термините и саатниците за четвртиот „балон“, што од 17 до 23 јануари ќе се одигра во Бања Лука.

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром за прв противник ќе ја има екипата на Сутјеска (17 јануари), по што во рамки на осмото коло ќе игра против уште еден црногорски противник Подгорица (19 јануари), а во завршниот натпревар на 21 јануари за противник ќе има Војводина.

Актуелниот лидер во македонското кошаркарско првенство Пелистер „балонот“ во Бања Лука ќе го почне на 17 јануари против Младост, по што следуваат дуелите против Рогашка (20 јануари) и Подгорица (22 јануари).

По седум одиграни натпревари МЗТ Скопје Аеродром е второпласиран на табелата со ефект од шест победи и еден пораз, додека Пелистер е претпоследен со еден триумф и шест порази.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Катерина Ѓуровски

Историско финале за Феникс

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на Купот

Петровиќ: Во првото полувреме одбраната ни беше шуплива како сирење

МЗТ Скопје се надева на триумф против Морнар