Кристијано Роналдо сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи е незадоволен што шпански обвинители го товарат дека затаил данок, објави португалска А Бола.
Роналдо се наоѓа под истрага поради сомневање за затајување данок од 14,7 милиони евра на Девствените Острови, но негово правни застапници тоа го демантираат.
Португалскиот голгетер одлуката за заминување од шампионот на Шпанија и Европа му ја соопштил на претседателот на Реал, Флорентин Перез.
За него се заинтересирани Пари Сен Жермен, Манчестер Сити и Јунајтед, како и фудбалски клубови од Кина. По финалето во Лигата на шампиони добил и рекордна понуда од 180 милиони евра. Роналдо е веќе 9 години во Реал.