Валтери Ботас беше најбрз на денешниот тренинг во Барселона, пред Фелипе Маса и Кими Раиконен.
Тимовите ги продолжија тестирањата на болидите пред престоечата сезона. Возачот на Мерцедес Ботас беше најбрз денес, додека Ферари продолжи со добрите перформанси.
Кими Раиконен имаше трето најбрзо време и покрај излетувањето од патеката.
Најголемо изненадување денес беше Фелипе Маса со неговиот Вилијамс кој беше 0,11 секунди побавен од Ботас.