Тина Мазе од Словенија триумфираше на вториот велеслалом од Светскиот куп, кој вечерва се возеше во Аспен. Таа во двете трки забележа вкупно време од 1 минута 59 секунди и 39 стотинки.
Второто место со заостанување од 90 стоти дела од секундата и припадна на Катрин Цетел од Австрија додека трета беше Германката, Викторија Ребензбург.
По двете победи во досегашниот тек од сезоната, Мазе води во пласманот за велеслалом со вкупно 200 бода, 40 повеќе од Цетел додека трета со 77 освоени бода.
Во генералниот пласман исто така на чело е Мазе со 250 бода пред Цетл со 160 и Марија Хефл Риш, која во три настапи освои вкупно 124 бода.
Утре во Аспен на програмата е трката во слалом.