50. меч меѓу Надал и Ѓоковиќ во рамките на полуфиналето Мастерсот во Мадрид

Од:

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе играат меѓусебе во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид.

Ова ќе биде нивни 50. меч, а Ѓоковиќ има подобар скор од 26:23 во победи и притоа има победи на последните седум мечеви, воедно тој е лански победник на овој турнир. Почетокот на полуфиналето е во 16 часот.

Инаку, Ѓоковиќ во четвртфиналето не одигра меч откако Кеи Нишикори поради повреда го предаде мечот, а Надал беше поуспешен од Давид Гофин со 7:6 (7:3) и 6:2 во сетови.

Во второто полуфинале ќе играат Доминик Тием и Пабло Куевас. Тием го совлада Борна Чориќ со 6:1 и 6:4 во сетови, додека Куевас беше подобар од Александар Зверев со 2-1 (3:6; 6:0 и 6:4 во гемови).

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“

Ѓоковиќ рутински во Ријад го победи Надал

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Надал остана без трофеј во Шведска

Надал и Руд се повлекоа од полуфиналето на турнирот во Бостад

Надал се согласи со Рама-отвора академија за тенис во Албанија

Предраг Петровиќ