30 години од првиот дизел мотор на BMW

Од:

BMW ја одбележува 30-годишнината од излегувањето на првиот дизел автомобил, соопштија од централата на компанијата.

Основната идеја на Баварците тогаш беше да ја променат статус-кво ситуацијата и да наметнат нова технологија на пазарот, стимулирана делумно од нафтената криза во тоа време.

При развојот на првиот дизел мотор од BMW одлучиле да комбинираат економичност и издржливост со „високи перформанси, спонтана испорака на моќ и оптимална еластичност“. На крајот инженерите излегуваат со готов производ, 2.4-литарски четирицилиндерски агрегат, кој располага со 115 КЅ и 210 Nm.

Тој почна да се вградува во 524 TD од 1983 година, а возилото се претвори во најбрз дизел модел во светот. Забрзувањето до стотка беше за 12,9 секунди, а максималната брзина достигнуваше фамозни 180 km/h. Најважно во случајот е дека на 524 TD му требаа во просек само 7,1 l/100 km гориво, кое во тие години претставуваше врвно достигнување.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on