Звицер го чуваат неколку десетици телохранители вооружени до заби, се крие во село близу Котор

Од:

Најбараниот балкански бегалец и водач на „Кавачкиот клан“ – Радоје Звицер, како што ексклузивно дознава српска „Република“, се крие во селото Грахово, во близина на црногорскиот град Котор.

Според информациите од безбедносните кругови до кои дојде српскиот медиум, Радоје Звицер живее во специјално изградени засолништа.

Неговата безбедност ја обезбедуваат неколку десетици лица вооружени со автоматско оружје, а теренот го следат беспилотни летала кои постојано ја снимаат околината.

Покрај тоа што се крие во Црна Гора, како што дознаваат, Звицер се движи илегално на териториите на соседните земји, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Косово и Албанија, користејќи мрежа од соработници и лажни идентитети за да избегне апсење.

Радоје Звицер, роден на 20 декември 1982 година во Котор, е означен како водач на „Кавачкиот клан“, една од најопасните организирани групи на Балканот. Тој е опишан како мускулест човек со атлетска градба, сини очи и кафеава коса, со повеќекратни прострелни рани по телото.

Звицер, заедно со Слободан Кашќелан, наводно го предводи „Кавачкиот клан“, додека „Шкаљарскиот клан“ беше под водство на Јован Вукотиќ, кој подоцна беше убиен. Конфликтот е обележан со ликвидации, шверц на дрога и перење пари, а Швајцарија е во центарот на овие активности.

Против него се води постапка за создавање криминална организација, повеќекратни убиства и обиди за убиства, шверц со дрога, нелегално поседување оружје и експлозиви, како и перење пари.

Во Србија, тој беше официјално осуден само за користење лажен пасош, но постојано беше поврзуван со кланот на Вељко Беливук, „вештерите“ на Никола Вушовиќ, нарко-босот Дарко Шариќ и огранокот на „Балканскиот картел“ предводен од Мирослав Старчевиќ.

Во 2022 година, српските власти го обвинија за планирање на атентатот врз претседателот Александар Вучиќ, но не беше поднесено официјално обвинение.

Тој е баран во Австрија за шверц на 83 килограми кокаин и е на официјалната листа на најбарани бегалци на Европол.

Би можело да ве интересира

Акција на црногорската полиција, претреси во објекти на Звицер, водачот на Кавачкиот клан

Горан Наумовски

Пукање во Подгорица: Има мртви

Нов инцидент меѓу Кавачкиот и Шкаљарскиот клан: Полицијата уапси двајца насилници

Горан Наумовски