Зошто на Грција и пречи читањето на Куранот во Аја Софија

Од:

Ал Џезира Балкан – Сараево

Официјалните, партиските и народните страни во Грција се гневни од одлуката на турските власти во текот на месецот на Рамазан во музејот Аја Софија во Истанбул секојдневно да се рецитира Куранот. Набљудувачите на ваквиот развој на настаните, тоа го поврзуваат со последната одлука на германскиот парламент со која османскиот масакр над Ерменците во Првата светска војна се признава како геноцид, додека други тоа го гледаат како манифестација на судири кои ги води Турција, како на внатрешен така и на надворешен план.

Грчкото Министерство за надворешни работи смета дека „турското однесување оди до граници на верска нетолеранција и покажува неповрзаност со реалноста и дека таквото однесување не е во согласност со демократското и секуларно општество‟.

Според мислењето на опозициската Нова демократија, целата оваа работа е многу опасна и сметаат дека Министерството за надворешни работи на Грција не смее да се соочи со тоа на начин „не сакам никого да вознемирувам, туку сите треба да бидат задоволни‟. Велат дека рецитирањето на Куранот во Аја Софија значи претворање на овој музеј во џамија, што претставува провокаторски чин и одраз на непочитување на православните во светот.

Александрос Масаветас, колумнист на грчкиот весник Катимерини потенцира дека „Аја Софија за две различни групи претставува две различни работи: според османската теорија, Аја Софија е најголем симбол на окупација на градот, а нејзината исламизација значи да се земат дизгините на властите во Истанбул префрлени од грчкото христијанство во рацете на исламска Турција‟.

Проблемот не е само од верска природа

Тој додава дека под власта на Ататурк состојбата дополнително се искомплицирала, кога наредил црквата да се претвори во музеј. Според неговите зборови „важен дел од турското општество е загрижено поради реисламизацијата на Аја Софија, но не поради политичка коректност, туку затоа што претставува немање на почит кон Ататурк‟.

Михалис Мариорас, професор по теологија на Универзитетот во Атина за Ал Џезира вели дека Аја Софија е светски културен симбол кој има посебна тежина за православните на секое место и дека тоа е верски центар кој го посетуваат милиони луѓе. Кога станува збор за Грците, за нив Аја Софија е симбол на силни спомени на историски период кој е отелотворување на надежите во подобра иднина, не со цел за ширење и експанзија, туку во смисла на христијанските верски одбележја.
Тој вели дека рецитирањето на Куранот во Аја Софија, првпат откако е претворена во музеј од 1934 година, не е проблем чисто од верска природа, со оглед на тоа дека Турција ги следи секуларните трендови веќе со децении. Со тој чин се намалува и нејзиниот историски, културен и универзален карактер и се сведува на посебен локален карактер.

Објаснува дека „целата оваа приказна има и политичка симболика за Турција која се наоѓа под товар на внатрешните и надворешните проблеми, како што се терористичките напади, судирот со движењето Гулен, тензиите со Европа и Русија и признавањето на масакрот над Ерменците‟, потенцирајќи дека овие фактори ги навеле турските власти на ваква одлука која ја опишува како избрзана со цел за оставање на впечаток и будење на верските чувства на турските муслимани.

Двоен аршин

Наспроти тоа, новинарот Манолис Костидис смета дека Грците немаат право да приговараат на рецитирањето на Куранот во Аја Софија, откако уништиле голем број на историски објекти од османлискиот период кои останале во нивната држава, додека истовремено други се сквернават до таа мера, што една џамија во градот Солун е претворена во кино во кое се прикажуваат порнографски филмови.

Костидис во својата колумна, која ја објавил грчкиот портал Протагон, вели дека кога џамиите се рушат, а други се претвараат во кино сали во кои се прикажуваат порнографски филмови, мора да бидете многу внимателни додека од другите барате да ги почитуваат историските објекти.
Во телефонскиот разговор за Ал Џезира Костидис вели дека „владата на Ердоган со своите потези сака да ги задоволи екстремистите и дека нема намера Аја Софија повторно да ја претвори во џамија‟.
Истражувачот во областа на меѓународните односи Али Бакир смета дека кај народот постојат одредни барања за отворање на Аја Софија за верниците, додавајќи дека Владата на крај ќе мора да одговори на барањата на народот.

Бакир за Ал Џезира вели дека се чини дека Владата се до овој момент зазема среден став и потенцира дека прашањето на дозвола или забрана е суверено право на државата во која не смее да се меша било која држава од надвор. Тој ја оддалечи можноста за тоа дека одлуката е поврзана со последната резолуција на Германскиот парламент, во врска со признавањето на геноцидот над Ерменците.
Византискиот цар Константин Втори ја отворил црквата Аја Софија во 360 година, а потоа султанот Мехмед Фатих ја претворил во џамија во 1453 година. Во 1934 година објектот почнал да се користи како музеј во рамки на процедурите на Ататурк за секуларизација на Турција. 

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица