Зоран Јанковиќ поднесе оставка на лидерската функција во „Позитивна Словенија“

Од:

Словенечкиот опозициски лидер Зоран Јанковиќ денеска од својата партија „Позитивна Словенија“ побара да го ослободи од претседателската функција, соопшти ДПА.

Барањето на Јанковиќ беше упатено по објавувањето во текот на оваа недела на извештајот на државната Комисија за превенција на корупцијата, во кој се соддржат обвиненија кон него дека не го пријавил зголемувањето за 2,4 милиона евра на својата имотна состојба.

Во извештајот се соддржат слични обвиненија и кон премиерот Јанез Јанша за непријавени промени во имотната состојба.

Јанковиќ посочи дека очекува до изборите за нов лидер на партијата, што треба да се оддржат до крајот на годината, да го исчисти своето име. Тој додаде дека до тогаш ќе одлучи дали повторно да се кандидира за лидерската функција.

Јанковиќ, кој е градоначалник на Љубљана, ги отфрли обвинувањата од извештајот.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг