Значително намален бројот на илегални имигранти во Грција

Од:

Во првите шест месеци од годинава значително е намален бројот на илегални имигранти во Грција во споредба со бројот од 2012 година, покажуваат официјалните податоци.

Според грчките власти бројот на приведени странци за незаконски влез и престој во земјата намален е за 56,6 проценти. Полицијата оценува дека намалувањето се должи на имплементацијата на интегрираното гранично управување и на реализација на акциите.

Од почетокот на 2013 година до крајот на јуни приведени се 19.360 странци, додека нивниот број во истиот период минатата година беше 44.602. Во реонот Еврос на копнената граница со Турција во првите шест месеци од годината биле уапсени 455 илегални имигранти, додека од јануари до јуни лани биле приведени 20.840 луѓе.

Во првите шест месеци од годинава грчаката полицијата уапсила 399 организатори на илегална трговија со луѓе, додека во истиот периот минатата година – 378.

Најголемиот број илегални имигранти во Грција доаѓаат од Албанија, потоа следат Сирија, Авганистан, Пакистан, Бангладеш, Сомалија и други држави.

Би можело да ве интересира

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски