„Златна зора“ упати навредливи напади против грчкиот претседател

Од:

Крајнодесничарската грчка партија „Златна зора“ упати навредливи напади против претседателот на земјата Каролос Папуљас по повод неговата новогодишна порака, упатена против фашизмот, пренесе АНА-МПА.

Во својата порака шефот на државата истакна дека одбива да прифати дека појавите со фашистички побуди му прилегаат на еден народ како грчкиот, кој дал илјадници жртви во борбите на Европа за ослободување од нацизмот.

Единственото што можеме да го одговориме е дека за денешното ограбување на Грција од странските лихвари и локални плутократи не е виновен фашизмот, туку предавниците и продадените политиканти. Кон „благородната класа“ на последните споменати припаѓа и сегашниот шеф на државата на привидната демократија, се наведува во соопштеението на „Златна зора“.

„Не коментираме“, беше соопштено од грчката влада.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција