„Златна зора“ продолжува со семинари за деца

Од:

Крајнодесничарската грчка партија „Златна зора“ продолжува да одржува семинари за мали деца и покрај острите реакции, кои ги предизвика иницијативата, пишува денеска весникот „Етнос“.

На официјалниот сајт на партијата е објавена информација за вториот одржан семинар на тема за хероите од грчката војна за независнот во 1821 година.

– Децата го научија значењето на знамињата на револуцијата и споредбата со боите на знамето на „Златна зора“, се наведува во соопштението.

Во февруари крајнодесничарската партија го одржа првиот семинар, на кој присуствуваа над 20 шестгодишни деца. Според соопштението на партијата, лекциите се за „национално сознание“ и „грчкиот дух“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит