„Златна зора“ организира протестен митинг во Атина

Од:

Илјадници грчки граѓани денеска му кажаа „Не на расизмот против Грците“, на масовниот протестен митинг организиран во Атина од екстремно десничарската „Златна зора“, соопшти агенцијата АНА-МПА.

На митингот „Златна зора“ му се противстави на, според неа, „расизмот без преседан“ против Грците и и инсистираше на тоа татковината да им се врати на Грците. Таа побара да се најде сериозно решение на главното прашање во земјата- нелегалната имиграција, кое ја крие „реалната закана за нацијата и општеството“.

„Златна зора“ повика и на примена на законите и Уставот и на враќање на нелегалните имигранти во нивните земји.

АНА-МПА забележа дека и покрај засиленото полициско присуство, илјадници Грци дојдоа на митингот и ги поддржаа овие барања.

Претставник на партијата го оспори новиот антирасистички закон, бидејќи, според него, тој бил насочен против самите Грци.

Друг, пак, се жалеше дека досегашните владеачки партии ја обвинуваа „Златна зора“ за расизам, затоа што нејзините функционери биле единствените кои зборувале за татковината, нацијата и религијата.

Пратеникот Фотис Грекос, пак, го обвини поранешниот премиер Андонис Самарас за лицемерие, затоа што ем зборувал за присуството на нелегални имигранти, ем не гледал расизам во тоа што центрите биле полни со бегалци, а наоѓал расизам во „Златна зора“, кога таа зборувала за правата на Грците.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица