Жотева: Голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија

Од:

Претседателката на Советот за електронски медиуми (СЕМ) Бетина Жотева за ТВ Нова изјави дека голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија и дека е невозможно да се санкционираат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според неа, голем број бугарски медиуми добиваат финансии од Русија во различни форми. Тоа се весници и веб-локации кои добиваат, на пример, спонзорство за рекламирање или спонзорство за некој настан. Според Жотева, имало примери за спротивното – западно влијание во бугарските медиуми.

Советот за електронски медиуми во Бугарија ги проверува сите овие информации.

Според Жотева, не може да се обвинат приватните медиуми што заземале една или друга страна во случајот. Секој можел да воспостави руско влијание, но никој не може да го санкционира, рече таа, додавајќи дека станува збор за саморегулација и чувство на професионализам.

Бетина Жотева го коментираше и случајот со новинарот на БНР, Петар Волгин, кој стана познат по ширење лажна вест, за што беше казнет од неговиот медиумски менаџмент. Таа рече дека случајот е испратен до етичката комисија.

На тема руско финансирање во бугарските медиуми, првиот човек на меѓународната платформа за истражувачко новинарство Bellingcat Христо Грозев за Нова коментира дека случајно дошле до писмени докази за плаќања на одреден интернет медиум во Бугарија. Тоа не е огромен медиум, но очигледно зазеде позиција да го брани наративот на Кремљ во Бугарија и врз основа на ова може да се заклучи дека и другите медиуми кои се поважни од него добиваат значително поголеми суми. Тој одби да им даде име на медиумите пред платформата да го објави и рече дека тоа ќе се случи во рок од неколку дена.

Според Грозев, станува збор за пари дадени специјално за објавување на материјали кои требало да се објават по одреден редослед на зборови даден од Москва и требало да бидат преведени и објавени, но се чини дека бугарскиот медиум сам ги објавил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?