Жителите на Мориа на Лезбос ќе организираат протести против пренатрупаниот центар за бегалци

Од:

Жителите од областа на Мориа, село во близина на истоимениот центар за бегалци на Лезбос, соопштија дека на 19 септември ќе организираат серија протести со кои ќе бараат намалување на пренатрупаноста во прифатниот центар каде условите за живот се многу лоши.

Според Советот на општината, жителите на Мориа ќе организираат протестен марш до центарот на Митилена и симболично ќе ги окупираат основното и средното училиште во нивното село. Тие, исто така, планираат да протестираат пред градското собрание и друга владина зграда.

– Едно село не може да го носи товарот на прашањето за бегалците на островот, со 5.000 заглавени и гневни луѓе кои со право се жалат, изјави претседателот на Советот на општината Никос Тракелис, додавајќи дека локалните жители повеќе не можат да трпат.

Пред неколку месеци, кога беа пријавени повеќе грабежи во домовите на локалните жители и оштетување на обработливо земјиште, беше одржан состанок на општинскиот совет на кој жителите побараа решенија од релевантните министерства и органи.

– Наместо тоа, бројот на бегалците и мигрантите се зголеми, нагласи Тракелис.

Трпението на локалното население било исцрпено по штетите што ги предизвикале бегалците и мигрантите кои го напуштиле центарот во Мориа.

– Ги повикуваме сите граѓани на Лезбос да застанат на наша страна и да учествуваат во протестите за ова прашање кое ја засега целата локална заедница. Бараме итно да се намали пренатрупаноста во центарот во Мориа. Островот не може да прими толку многу луѓе, повеќе не може да го носи тој товар, рече Тракелис.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит