Жената застрелана кај Прешево уште е во тешка состојба: По кавгата бегала, мажот и пукал во грб

Од:

30-годишната жена од Велика Дренова кај Трстеник, кој беше застрелана од огнено оружје во близина на Прешево кога по расправија во автомобил во неа пукаше маж кој потоа се самоуби, се уште е во тешка состојба.

– Пациентката не е надвор од животна опасност. Таа се уште е на одделението за интензивна нега – велат во Универзитетскиот медицински центар Ниш.

Таа привично беше оденсена во болницата во Врање, но поради сериозното на повредите беше префрлена н Клиниката во Ниш каде што и беше направена операција.

Мажот (52) кој пушкаше во неа е македонски државјанин од албанска националност од Тетово.

Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.

Како што изјавија за „Блиц“ познаници на повредената, таа е родена и живеела во Велика Дренова кај Трстеник.

– Таа е родена и живеела со семејството во Велика Дренова. Потоа се омажила во Угљарево, исто така село до Трстеник. Ги остави децата и отиде со тој Македонец во Швајцарија. Во Врњачка Бања од родителите наследила недвижен имот – вели тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На „Табановце“ и на „Богородица“ се чека околу 30 минути

ВИДЕО: Колони и гужви на Табановце-Прешево, се чека и на Богородица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Огромни колони на Прешево-Табановце, се чека и на Богородица

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се чека во колони за влез преку Прешево и за излез преку Богородица

На граничниот премин Прешево-Табановце фатени македонски шверцери со скапи часовници

ВИДЕО: Оро на Прешево, Србите кои чекаа на границата со Македонија си најдоа забава

Катерина Ѓуровски