Жена од Смедерово бремена на 60. години

Од:

Шеесетгодишна жителка на Смедерово е најстарата трудница во Србија. Нејзиниот партнер е Шпанец, нејзина долгогодишна љубов од младоста, кој е постар од неа 13 години.

На оваa жена ова и е прво дете, кое треба да го добие за два месеци. Таа забременила со помош на донација на јајна ќелија, а вештачкото оплодување е извршено во Чешка, бидејќи вакво донирање е забрането во Србија.
Таа е детски стоматолог по струка, а моментално е на специјализација на Стоматолошкиот факултет во Белград.

Во Смедерово има отворено приватна ординација за протетика.

Пред неколку дена била примена на Гинеколошко-акушерската клиника бидејќи и отекла ногата. Гинеколозите ја сместиле на одделението за високоризична бременост. По направените анализи утврдено е дека бременоста одлично ја поднесува и дека е се во ред со бебето.

По сите прегледи било отркиено дека ногата отекла зашто ја шинала, а таа побарала да ја пуштат од болницата на нејзина одговорност зашто сакала да продолжи со специјализацијата на Стоматолошкиот факултет.

Од Гинеколошката клиника за српски „Блиц“ изјавија дека бременоста во 60. година не е некоја новост во светот, но и дека претставува своевиден медициснки феномен.

„Тоа се случува години наназад дури постојат и клиники кои изведуваат вонтелесно оплодување на постари жени. Но, треба да се знае дека тоа не се биолошки деца на тие жени. Нормално, ризикот е голем, и за жената и за детето“.

Во ваквите случаи најчесто се поставува етичкиото прашање – дали родителите треба да се доволно млади за да можат да го одгледаат детето барем до неговата 18. година односно полнолетството.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија