Жена и дете пронајдени удавени во Егејско Море откако потона чамец со мигранти

Од:

Жена и дете се пронајдени мртви денеска во водите кај грчкиот остров Лерос, откако потонал гумениот чамец со кој група мигранти од Турција тргнале кон грчкиот брег, соопшти грчката крајбрежна стража.

Во операцијата на грчката крајбрежна стража спасени се триесет и три лица, меѓу кои и шест деца, и сите се пренесени во болницата во Лерос, соопштија властите.

Оттаму додаваат дека спасувачката операција продолжува со потрага по евентуални преживеани мигранти.

Во потрагата се мобилизирани три брода на крајбрежната стража и хеликоптер „Супер Пума“, но спасувањето е отежнато од силниот ветер и немирното море.

Алармот за несреќа го испратил рибар кој пронашол тело на жена во морето, пренесуваат медиумите.

Според сведоштвата собрани од полицијата и крајбрежната стража, во гумениот чамец имало 40 лица, меѓу кои деца, жени и лица со ограничена подвижност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Грчки граничар е ранет во престрелка во близина на грчко-турската граница

Големо невреме во Грција, громови предизвикаа нови пожари

Горан Наумовски

Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Горан Наумовски

Грција донесе итни мерки поради екстремните температури