Желев: Политиката на Борисов кон Македонија беше погрешна

Од:

Бугарија го поддржува членството на Македонија во Европската унија, а мнозинството Бугари не се согласуваат со политиката која досега некогашниот бугарски претседател Жељу Желев, по предавање во МАНУ на тема „Многуполарен или еднополарен модел на светот во 21 век“.

Тој смета дека Борисов со својата политика отворено застанал во поддршка на грчките позиции и оти политиките на блокади место поддршка на интеграциите се само испад на бугарската политика. Се надева дека новата бугарска влада ќе има сосема поинаков пристап кон Македонија.

– Недоразбирањата се едно, а интеграцијата на една држава е нешто сосема друго, вели тој, нагласувајќи дека за него, меѓу Македонија и Бугарија не постои сериозен проблем.
Според Желев, отворените прашања треба да се решаваат, но не со уцени и блокади и не гледа ништо спорно во потпишување на договорот за добрососедство меѓу двете земји.

Ставот на Бугарија за македонските евроинтеграции под водство на новиот бугарски премиер Орешарски за првпат ќе може да се процени на претстојниот Европски совет во јуни, но новиот шеф на бугарската дипломатија Вигенин најави дека Софија не се откажува од договорот за добрососедство за кој задолжително смета дека треба да го потипшат двете земји како доказ на добрите билатерални односи.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени