Специјалниот пратеник на ЕК на Косово Самуел Жбогар оцени дека со договорот меѓу Косово и Србија почнува нова фаза во односите на двете држави и оти ЕУ е задоволна со напредокот постигнат за време на 6-месечниот дијалог.
Истакнувајќи дека со договорот Северот не добил автономија, Жбогар рече дека во договорот јасно се дефинираат компетенциите на Асоцијацијата, односно заедницата на српски општини.
Основа за тоа според него, е во законските решенија на Косово и оти тоа се овластувања на ниво на локална самоуправа.