Жал ми е што не ги убив сите од списокот – исказот на детето кое го изврши масакрот ја заледува крвта

Од:

13-годишниот ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, ги шокирал службите со своите ладнокрвни изјави по масакрот.

– Жал ми е што не ги убив сите ученици на списокот! Сакав да се вратам и да ги убијам сите, но ранецот со молотови коктели ми испадна во дворот и не можев.

Ова, како што неофицијално дознава српскиот Курир, во разговор со работниците на Центарот за социјална работа (ЦЗСР) го рекло момче (13), кое е осомничено за најтешкиот масакр во Србија.

Тој уби осум ученици како и чуварот во училиштето, повредени се шест деца и наставничката по историја.

По крвавиот поход сам се јавил во полиција од училишниот двор, се претставил по име, раскажал што направил и побарал да дојдат да го земат. „Јас сум психопат, морав да се смирам“, рекол тој, а потоа бил уапсен.

Според изворот, додека момчето зборувало студено, без трага на каење или сочувство за жртвите, за тоа како долго време го подготвувал злосторството, како и како го одработил планот и зошто, работниците на ЦЗСР не можела да го сокријат своето чудење.

-Не се чувствуваа добро додека го слушаа – вели изворот на Курир. Како што објаснува тој, особено морничаво било кога момчето рекло „дека не ги ни жали убиените соученици“.

– Уживав да ги слушам нивните врисоци. Жал ми е што не ги убив сите луѓе на списокот, но кога излегов во дворот да го сменам шаржерот, ми падна ранецот со молотови коктели и сакав да ги фрлам за полицијата да не може да влезе во училиштето додека не го завршам она што го почнав. Тогаш ме фати паника и сфатив дека најдоброто нешто што можам да направам е да повикам полиција. Го спуштив пиштолот и се јавив – наводно детално го опишал делото.

Она што особено ги шокирало работниците на ЦЗСР при разговорот со малолетникот е тоа што тој практично признал дека некако уживал во делото, дека не само што свесно го планирал, туку и го сакал.

– Момчето призна дека често гледал криминалистички филмови, серии, но и документарци за масовни убиства, дури и оние во училиштата. Тој бил особено опседнат со документарниот филм „Американска трагедија“ во кој се прикажува како страдаат мајките на жртвите, но и како страда мајката на убиецот поради тоа што го направило нејзиното дете. Тој документарец го гледал неколку пати и ја идентификувал мајката на убиецот со неговата мајка – вели изворот на Курир:

– Мајката на убиецот од документарниот филм ја изедначи со неговата, бидејќи веруваше дека „нема разбирање за неговите проблеми“. Всушност, тој сакал да страдаат мајките на неговите убиени пријатели, но и неговата мајка. Тоа страдање, како и плачот на исплашените и ранети деца, го гледал како еден вид надомест за неговата душевна болка.

Извор вели и дека момчето верувало дека има проблем со општеството и околината, односно дека страда затоа што е отфрлено.

-Тој не бил жртва на физичко насилство, а прашање е дали бил жртва на некој друг облик на врсничко насилство. Имал лично чувство дека децата од училиште не сакаат да се дружат со него, а мајка му тоа не го сфатила и разбрала – наведува изворот и додава дека момчето испукало меѓу пет и осум куршуми кон секоја своја жртва.

Соговорникот на Курир вели дека момчето толку добро го испланирало овој масакр што дури и ги зело предвид годините. Имено, по апсењето, полицијата на момчето му го одземала телефонот, но и компјутерите.

– Тој со денови го истражувал кривичниот законик на Гугл, односно која е старосната граница за одење во затвор. Затоа и намерно го избрал овој момент за напад, бидејќи сфатил дека деца под 14 години не одат во затвор, односно не може кривично да одговараат. Практично побрзал да го изврши делото до неговиот 14-ти роденден, што е во јули, за да не може да биде кривично гонет – објаснува изворот и забележува дека момчето било сместено во психијатриска клиника.

Инаку, токсиколошките анализи покажаа дека тој во моментот на упадот во училиштето не бил ниту пијан, ниту под дејство на наркотици.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата