Зголемен протокот на имигранти од Турција кон Грција

Од:

Покрај бреговите на Турција има голем број имигранти во очекување да се префрлат со бродови до Грција или до Италија, пишува грчкото списание „Епикера“.

Според весникот за зголемениот раст на миграцискиот проток кон Грција сведочи фактот за зголемување на апсењата на имигрантите, кои влегле нелегално во Грција преку источните граници за 142 проценти во првите четири месеци од оваа година.

Од почетокот на годината грчката полиција уапсила 4.363 нелегални имигранти, додека во истиот периодот минатата година нивниот број изнесувал 1.800.

Кризата во Сирија предизвика прилив на голем број нелегални имигранти на територијата на Турција, од кои некои стигнуваат до крајбрежните регони на земјата и бараат начини да заминат во други земји.

Според информации на грчката крајбрежна стража преферлувањето на еден имигрант до грчки остров чини од 500 до 1.500 евра, а најдолготото патување е од 1.500 до 4.500 евра.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата