Бројот на самоубиства во Грција драматично е зголемен во текот на последните три години, од моментот кога земјата се соочува со тешката економска криза.
Од 2009-та до крајот на август оваа година бројот е зголемен на вкупно 3.124, според бројките кои министерството за заштита на граѓаните го предале денеска во парламентот.
Според бројките со кои располага полицијата, а на кои се повикува министерството, бројот на самоубиства се зголемил од 677 во 2009-та година, на 830 во 2010-та, 927 во 2011-та и 690 во текот на првите осум месеци од оваа година, пренесува грчката новинска агенција АНА.