Зголемен бројот на новозаразени од Ковид-19 во Хрватска

Од:

Хрватска денеска регистрира ново зголемување на заразени со коронавирусот – 2.422 или 25,56 проценти од бројот на тестирани примероци. Премиерот Андреј Пленковиќ ги повика граѓаните да покажат одговорност и да ги почитуваат епидемиолошките мерки.

– Забележуваме зголемување на бројот во нашата земја и во другите земји, овие нови мерки треба да ја намалат инфекцијата во пресрет на велигденските празници. Важно е секој да покаже одговорност со своето однесување. Ние сме ретка земја што немаше заклучување и полициски час, но без одговорност ситуацијата е тешка, нагласи Пленковиќ на отворениот дел од владината седница.

Тој го посочи глобалниот проблем со дистрибуција на вакцини, особено кон европските земји при доставувањето на вакцината на АстраЗенека.

Пленковиќ додаде дека во Хрватска има недостиг со пополнување со други вакцини, како и дека денеска се одржува состанок во Брисел со цел побрзо решавање на тие проблеми.

Тој најави дека денеска ќе ги презентира деталите за Националниот план за обновување на земјата.

Министерот за здравство, Вили Берош ја извести Владата за епидемиолошката состојба и посочи дека 67 проценти од тестираните во Хрватска имаат британска мутација на коронавирусот.

– Зголемувањето на бројот на новоинфицирани доволно зборува за сериозноста на ситуацијата. Денеска има двојно повеќе луѓе на респиратори во споредба со почетокот на март. Со денешниот ден на респиратори се приклучени 144 лица, нагласи Берош.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Министерот за здравство на Хрватска вакцинираше граѓани

ВИДЕО: Комплетен колапс на системот за вакцинација против Ковид-19 во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на новозаразени од коронавирус

Во Хрватска 41,2 отсто повеќе заразени од минатата недела

Од утре слободен влез во Хрватска за вакцинирани против Ковид-19

Хрватска нема да ја користи руската вакцина без дозвола од ЕУ