Зетот на Трамп се повлекува од контроверзниот проект на Генералштабот во Белград, Вучиќ најави тужби за „сите кои го подривале проектот“

Од:

Компанијата на зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, „Афинити партнерс“, одлучи да се повлече од проектот за изградба на луксузен хотелски и станбен комплекс на местото на поранешниот Генералштаб во центарот на Белград, јавија белградските медиуми.

Проектот, кој предвидуваше хотел и станбен комплекс со брендот „Трамп“, беше најавен на почетокот на оваа година, иако од 2024 година јавноста во Србија се расправа за правната основа за отстапување на просторот на странска компанија. Генералштабот, кој е културно наследство, беше сериозно оштетен во бомбардирањето на НАТО во 1999 година.

Владата на Србија, со поддршка на претседателот Александар Вучиќ и Српската напредна партија, донесе посебен закон кој овозможи градење на овој простор, но по афера со фалсификување на одлука во Републичкиот завод за заштита на спомениците, се отвори постапка против директорот на Заводот, Горан Васиќ, како и обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ.

Портпаролот на „Афинити партнерс“ изјави за Н1 дека компанијата се повлекува „од почит кон граѓаните на Србија и градот Белград“ и дека проектот треба да обединува, а не да разделува.

Американскиот експерт за Балканот, Едвард Џозеф, посочи дека прашањето за проектот било дискутирано и во Конгресот на САД, истакнувајќи дека јавните протести во Србија покажуваат дека владата на Вучиќ не може да ги исполни обврските предвидени во проектот.

Проектот на Кушнер е откажан во критичен момент, додека јавноста и стручните здруженија продолжуваат да го потенцираат значењето на културното наследство на Генералштабот.

Председникот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека лично ќе поднесе кривични пријави против сите лица кои, како што рече, учествувале во „хajката“ и уништувањето на инвестициската иницијатива на Џаред Кушнер на местото на поранешниот Генералштаб во Белград.

Вучиќ додаде дека пријавите ќе се поднесат против лица од полицијата, Јавното обвинителство, како и против сите други кои, според него, придонеле за рушење на проектот и економско поткопување на Република Србија.

Тој исто така најави и измени во законот, со цел Тужилаштвото за организиран криминал (ТОК) повеќе да не функционира само по своја волја.

Би можело да ве интересира

Трамп најави нов напад: САД ќе ја преземат контролата врз Ормускиот теснец

Горан Наумовски

Почина влијателниот сенатор и сојузник на Трамп Линдзи Греам

Вучиќ: Го поддржувам предлогот да се истражи како функционери купувале вили во странство

А1он

Кан: Израел сака да го нападне Иран, но чека зелено светло од Трамп

САД доби разузнавачки информации за нов ирански заговор за атентат врз Трамп

Горан Наумовски

Трамп ја напушти Турција со стариот авион од безбедносни причини