Зетот на Клинтон сака да ја купи грчката „Еуробанк“

Од:

Зетот на Бил и Хилари Клинтон сака да ја купи „Еуробанк“, една од четирите најголеми банки во Грција, тврди весникот „То Вима“.

Управата на „Еуробанк“ e во преговори со странски фондови во пресрет на нејзината делумна приватизација планирана за оваа есен, кога се предвидува да бидат продадени 25 отсто од акциите на банката. За купување на овие акции интерес пројавила и канадска компанија, која веќе има инвестирано во банкарскиот сектор во Грција.

Интерес за банката покажал и фондот „Иглвејл Партнер“, чиј коосновач е познатиот инвестициски банкар Марк Мезвински, кој е зет на Бил и Хилари Клинтон, наведува весникот „Еуробанк“ е во фокусот на интерес и на фондот „Трд Поинт“, кој стана познат со инвестициите во грчките хартии од вредност, што му донесоа заработка од над 500 милиони евра за само неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит