„Зери“: Косово се движи кон анархија

Од:

Двонеделниот штрајк на судиите во Косово, големите поделби во обвинителството и неизборот на главен обвинител, Косово го води кон анархија, пишува приштинскиот весник „Зери“.

Судиите во Косово штрајкуваат од 3 март барајќи нивните плати да се зголемат за 25 проценти заради опасностите во нивната работа, пишува весникот.

Претседателот на Судскиот совет на Косово, Енвер Пеци, ја обвини Владата дека не ги разгледува сериозно барањата на судиите и затоа ситуацијата во земјата се развива во опасен правец, пренесува БТА.

Весникот пишува дека иако уште на 23 февруари предлогот со името на новиот главен обвинител на Косово, Александар Лумези, беше доставено до кабинетот на претседателот Атифете Јахјага, тој се уште не е назначен на функцијата.

Фисник Кореница од Групата за истражувања правни и политички прашања, за „Зери“ изјави дека причината за сетоа ова што му се случува на косовското правосудство е мешањето на политиката во независниот правосуден систем.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска