Земјотресите во Албанија и корупцијата: Зошто се е толку разурнато

Од:

Албанија полека се опоравува од разорните земјотреси, но и го поставува прашањето зошто штетата е толку голема.

Артур Љаци има 45 години и живее во Драч … Или барем до сега живеел таму. Што ќе се случува следно – никој не знае.

Речиси сите згради и куќи на неговата улица се празни.

-Во белата куќа повеќе никој не може да живее, ниту во таа до неа… Не се безбедни. Онаа десно потона – има четири спрата, а не три како што изгледа“, објасни Љаци.

-За време на земјотресот сопственикот спиеше на вториот кат. Ми рече дека се почувствувал како во лифт, додаде тој.

Љаци верува дека штетата можела да биде помала да немало неконтролирано градење на диво. Властите во Албанија најавија истрага за непрописно изградените објекти како и за злоупотреба на службените овластувања.

На одредени места обвинителството од полицијата бараше урнатите згради да се означат како место на злосторството.

Во 10 минути до три утрото, беше првиот земјотрес, се присетува Љаци на 26 ноември кога Албанија прв пат се затресе.

-Беше многу јак, но не направи штета. Останвме сите внатре. Вториот беше после 3 и пол часот, тоа е тој од 6,4 степени. Тогаш веќе сакавме да излеземе, но вратата се заглави…едвај успеавме.

-Повеќе не се враќавме внатре, останавме на улица до утрото. Сите беа надвор.

-Немаше празен простор помеѓу мојата и соседната зграда, беа потпрени една на друга. Сега има процеп од дваесетина сантиметри, покажува Љами кон процепот.

И зградата на Љаци е потоната, за да влезе во станот треба да се наведне на влезот во зградата.

Албанскиот архитект Арманд Вокши за Би-Би-Си вели дека уште е рано да се проценат причините за штетата, но постојат работи за кои се уверени.

-Објектите кои се ’неформално изградени’ или оние на кои луѓето вршеле големи инфраструктурни промени, покажаа повеќе слабости, вели Бокши.

-Исто така, еден од најголемите проблеми е што законите за безбедна градба не се ажурирани, додава тој.

Се работи за еврокодовите – десет правила кои регулираат како безбедно да се подигне зграда направена од дрво, метал или друг материјал, а се изработени на барање на Европската комисија.

-Секоја земја мораше да ги воведе европските регулативи, но ние сè уште сме во стариот комунистички период“, вели Вокши.

Љаци кој долги години работи во градежничкиот сектор, како една од причините ги наведува дупките во законот и тоа што „луѓето ѕидаат како сакаат и каде сакаат“.

Деновиве во Албанија како причина за уривањето на објектите главно се споменува корупцијата која води до „неформално градење“.

-Овде постои едно непишано правило – што и да градите, нешто мора да платите“, вели Љаци.

-За да подигнете зграда мора да исполните неколку критериуми и чекори… Е, па корупција има на секој од тие чекори. На крајот, кога се ќе се заврши инспекторот мора да дојде и да го процени квалтетот на зградата. И тука има корупција, и тука се плаќа. Секогаш се плаќа, објаснува Љаци.

На соседната улица, зад аголот, еден објект е потполно урнат.

Урнатините се заградени и не може да се пријде. Тука имаше и мртви.

-Зградите направени за време на комунизмот се многу подобри од новите, вели Љаци, истакнувајќи дека новите згради се „многу, многу повеќе оштетени“.

Сепак, вели тој, имало проблеми и со старите – но само заради човечка негрижа.
-Тие сами ги реновираа и ги урнаа sидовите, особено на приземјето, каде изградија кафулиња и продавници, објаснува тој.

Што вели власта?

Албанскиот премиер Еди Рама бара финансиска помош и ветува дека обвинителите ќе го изведат пред лицето на правдата секој што неправилно ги подигнал објектите.

Тој побара од локалните власти во Драч да направат список на оштетени објекти и компании што учествувале во изградбата. Како што вели, сè ќе биде испитано.

Тој исто така рече дека поправките – со надзор на владата – ќе треба да ги плаќаат изведувачите, а не граѓаните што живеат таму.

Истраги најавуваат и обвинителствата на Драч и Тирана. Тие велат дека се сомневаат дека многу згради паднале затоа што не биле изградени правилно, а за тоа значително придонела и злоупотребата на функциите.
Официјални лица, во меѓувреме, предлагаат дополнителни мерки. Планот на албанскиот претседател Илир Мета има четири точки:

– Ажурирање на мапата за ризици за да се најдат области каде што може да се појават земјотреси,
– Примена на правилата на Европската унија за изградба на структури,
– Изменување и дополнување на законот за безбедна градба,
– Финансиска поддршка за институциите кои се занимаваат со истражување во таа област.

План има и лидерот на опозицијата Љузљим Баша:

– Ангажирање и организирање на што поголем број инженери за забрзување на процесот на потврдување на безбедноста на зградите,
– Користење само две категории за прва верификација – дали е безбедно да се живее во зградите или не – за луѓето да можат да се вратат во своите домови што е можно поскоро,
– Откажување на договорот за концесија со 10 компании кои Баша ги нарекува „олигарси“ и префрлање на овие пари на фонд за помош на граѓаните.

Што понатаму?

По земјотресот, граѓаните покажаа солидарност и собираа храна и облека за ранливите. Земјата се обедини неколку дена, но се чини дека тоа не е доволно.

На пример, Рама ги замоли граѓаните да престанат да донираат храна и облека, но да соберат пари за сиромашните, а исто така побара финансиска помош од Западот.

Вокши овде повикува на претпазливост.

„Сигурно е дека наскоро ќе има многу инвестиции од разни донатори или од државата и еден од проблемите ќе биде транспарентноста на патиштата на тие пари“, рече тој.

„Исто така, потенцијален проблем е начинот на управување со пост-земјотресните инвестициски фондови“, додава тој.

Сепак, тој верува во тоа.

„Јас сум архитект и јас сум сигурен во врска со работите. Албанија е земја со ресурси, земја на големи можности, но мора да бидеме судии во јавниот домен“.

Љаци не верува дека некој ќе биде прогласен за одговорен. Нема закон што вели дека зградата треба да издржи 6,4 степени според Рихтер.

Во меѓувреме, ситуацијата се стабилизира – дел од граѓаните чии домови веќе не се безбедни се сместени во хотели, а некои во социјални центри, соопштија властите.

Сепак, многумина не сакаат да се вратат дома, иако им беше кажано дека е безбедно – се плашат и немаат доверба во никого.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Сеизмолошка опрерваторија: Регистриран земјотрес од 2.8 степени по Рихтер

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Силен земјотрес го погоди Чиле