Земјотреси во близина на грчките острови Родос и Санторини

Од:

Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтерова скала бил регистриран во 16.16 часот по локално време во морскиот дел, на 28 километри југоисточно од грчкиот остров Родос, јави дописничката на МИА од Атина.

Еден час подоцна, регистриран е уште еден земјотрес, но во близина на островот Санторини, со интензитет од 4,1 степен.

Податоците за јачината на двата земјотреса се од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, а засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси