Земјотрес во Света Гора – епицентарот во близина на Сарти

Од:

Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес во 18:53 часот во областа на Света Гора, во Егејското Море.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал 114 километри источно-североисточно од Солун и 24 километри северно-североисточно од Сарти.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Црна Гора

(ВИДЕО) Разорен земјотрес ја погоди Кина, десетици повредени, има и жртви

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Кина

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во подрачјето Делчево-Берово