Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала е регистиран денеска северно од Солун.
Како што соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот, кој се случил во 14:12 часот по локално време (13:12 по средноевропско време), бил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар во близината на Кукуш, на 40 километри северно од Солун.
Електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“ јави дека нема информации за жртви или предизвикани посериозни материјални штети.
Покрај во северна Грција, земјотресот со послаб интензитет е почуствуван и во делови на Македонија и југозападна Бугарија.