Земјотрес во Црна Гора

Од:

Утринава во 8:59 часот Црна Гора беше погодена од земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала.

Според податоците на сеизмолошките служби, епицентарот на земјотресот се наоѓал во областа кај Плевља, на длабочина од околу седум километри под површината на земјата.

Земјотресот бил почувствуван не само во северните делови на Црна Гора, туку и во соседните области на Босна и Херцеговина, вклучувајќи ги Сараево и Фоча.

Граѓаните на социјалните мрежи опишале дека земјата „се тресела накратко“.

Засега нема информации за можни повредени или материјална штета.

Сеизмолозите велат дека земјотресите од оваа јачина се чести во регионот и обично не предизвикуваат сериозни последици.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

Уапсени се Блажо Шарановиќ и Весна Братиќ

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

Силен земјотрес ја погоди Боливија

Абазовиќ бара предвремени избори во Црна Гора