Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во Босна и Херцеговина утрово во 08:09 часот.
Земјотресот бил со епицентар во близина на Босанско Грахово, јавуваат медиумите во БиХ.
Според хрватскиот портал Индекс.хр, земјотресот бил почувствуван и во Далмација.
„Нè разбуди прилично силен удар, sидовите и шкафовите се тресеа, а потоа се нишаше малку неколку секунди. Тоа воопшто не беше пријатно чувство“, напиша читател на порталот кој го почувствувал земјотресот.
Босанско Грахово се наоѓа на околу 80 километри од Сплит.