Земјотрес со јачина на ударот од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа западно одт градот Ламија, во централна Грција, пренесе радио Атина.
Епицентарот на потресот бил во реонот меѓу Карпениси, Сперхиада и Ламија.
Нема податоци за настрадани и за разурнувања.
Вчера попладне Институтот за геодинамика во Атина регистрирал и втор потрес со истата сила, западно од градот Ламија.