Земјотрес со интензитет од 5,1 степен регистриран во Источна Турција

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,1 степен е регистриран синоќа во округот Муш, во источниот дел на Турција, објави весникот „Сабах“, повикувајќи се на соопштение на истанбулската сеизмолошка опсерваторија „Кандили“.

Епицентарот на потресот бил во селото Тутен. Нема информации за жртви и повредени.

Потресот предизвикал паника меѓу населението во селото, поради што ја минале ноќта надвор од своите домови. Во потресот се оштетени околу 20 куќи.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба