Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

Од:

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 14 часот и 23 минути во централниот дел на Босна и Херцеговина, а бил почувствуван и во Хрватска.

Уредите на Центарот за сеизмологија на Сојузниот хидрометеролошки завод во Сараево регистрираа земјотрес во 14 часот и 23 минути во областа на општина Теслиќ во Република Српска. Тие појаснија дека јачината на земјотресот во хипоцентарот бил 4,4 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот бил 6 степени според Меркалиевата скала.

Земјотресот бил на длабочина од 3,2 километри. Очевидци на земјотресот изјавија дека тресењето се почувствувало околу 20 секунди и се почувствувало во поголемиот дел од Босна и Херцеговина и во Хрватска, најмногу во јужниот дел на Славонија. Засега нема извештаи за штети.

Би можело да ве интересира

Повик за голем митинг во Република Српска, пресудата за Додик пат кон распад на Босна и Херцеговина

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Република Српска во вонредна состојба во очекување на пресудата за Додик

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Силен земјотрес го погоди Лисабон