Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Хрватска, покажуваат податоците на Републичкиот сеизмолошки завод на Србија, а луѓето на социјалните мрежи велат дека навистина изгледало страшно.
Епицентарот бил на длабочина од десет километри кај Грачац, а земјотресот бил почувствуван во Задар, Водице и Загреб.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
– Живеам на четврти кат, прозорците многу се тресеа, напиша на социјалните мрежи Задранка која ја разбуди земјотресот.
„Како гром“, напиша друго лице од Задар.
Имаше и такви кои велеа дека кратко траело, но дека се чувствувал.